Multicars се занимава со увоз и продажба на комерцијални, патнички и товарни користени возила. Главната мисија на компанијата е да обезбеди широк избор на проверени возила со висок квалитет, гаранција и транспарентност за клиентите. Оваа визија се темели на долгогодишното искуство и љубов кон автомобилите, како и на желбата за обновување на автомобилскиот пазар во Македонија.
По детални истражува
ња и анализи во нашата земја и регионот, тимот на Multicars заклучи дека е неопходно да понуди поголем избор на возила со врвен квалитет. Ова, заедно со поволните цени и целосната посветеност кон клиентите, ја издигна компанијата на врвот на македонскиот автомобилски пазар.
Компанијата обезбедува разновиден избор на возила, од мали градски автомобили до луксузни лимузини, задоволувајќи ги потребите на своите клиенти со најпознатите и најуспешните брендови како што се Porsche, Mercedes-Benz, BMW, Land Rover, Opel, Citroen, Renault, Alfa Romeo, Volvo, Nissan, Seat, Skoda, Peugeot и многу други.
Успехот на Multicars се должи на посветеноста и професионализмот на тимот кој работи максимално за да ја обезбеди успешноста и профитабилноста на брендот. Од самиот почеток, Multicars ја стекна довербата на своите клиенти преку целосна поддршка и лојалност, правејќи го купувањето автомобил позитивно искуство.
Главната цел на Multicars е да има задоволни и среќни клиенти, за што се залага и секојдневно се труди и надоградува.