Сервис Иле-Мак е основан 1990 година.Во склоп на овој сервис работат:оддел за брз сервис и лимаро-фарбарски оддел.
-Во одделот за брз сервис спаѓаат брзи поправки, односно поправки за кои е потребно пократко време за да тие се извршат.Одделот за брз сервис опфаќа сервис на издувни системи (ауспуси),нивна промена , репарирање , промена на вибрациони црева(меки врски),стеги , гуми(држачи) за сит
е видови патнички и товарни возила.Исто така се врши и промена на ветеробрански стакла (шофершајбни) со неограничена гаранција на монтажа.Сервис Иле-Мак располага и со апарат за компјутерска дијагностика на системот за ладење(клима уред) на вашето возило , проверка на нивото на фреон како и откривање на други дефекти.
-Покрај одделот за брз сервис, работи и специјализиран лимаро фарбарски оддел. Во овој оддел се вршат квалитетни лимаро-фарбарски поправки на сите видови на патнички, моноволуменски, теренски и комерцијални возила. Сервисот е опремен и со софистицираниот апарат со кој се врши извлекување на оштетените возила. Комората за фарбање “LUTRO(Germany)” е гаранција за квалитетно и успешно фарбање и сушење на возилото. Благодарение на силниот проток на воздух елиминирање на ситниот прав и честички, високата температура во кабината, процесот на нанесување и сушење на бојата е извонредно поедноставен, поквалитетен и побрз. Важна карактеристика за фарбарскиот оддел е квалитетот на боите,лаковите и другите компоненти кои се од светски познатата фирма R-M. Во сервисот е ангажиран стручен кадар со долгогодишно искуство во работењето.Постојано се вршат и редовни доусовршувања на интернационални работни семинари со цел да се биде во тек со современите текови во автомобилската индустрија.