Strumica Retro Klub

Strumica Retro Klub Официјален клуб за сите љубители на ретро возила

‼️Известување‼️Сите пријавени учесници кои ќе ги изложат своите автомобили на утрешниот настан, влезот ќе биде од ПроКре...
09/05/2026

‼️Известување‼️

Сите пријавени учесници кои ќе ги изложат своите автомобили на утрешниот настан, влезот ќе биде од ПроКредит банка, веднаш наспроти градското собрание.

На самото пристигнување ќе добиете инструкции за движење и пријава на пултот, на истиот добивате пакет за добредојде.

🚨Се замолуваат сите учесници да не ги турираат своите возила непотребно, да се вози полека по градскиот плоштад до местото каде ќе ви бидат дадени инструкции за паркирање.

🚨Најстрого се забранува палење гуми или други непотребни егзибиции, станува збор за јавна површина која не смее да се оштети.

🚨Секое непочитување на инструкциите од организаторот ќе се санкционира со исклучување на возилото од настанот, но и секој можен законски прекршок од полицијата.

🚨Доколку вашето возило остава траги од масло под моторот, ве молиме пријавете за да обезбедиме картонче под истиот.

🚨Ве молиме отпадокот да се фрла во достапните корпи за отпадок.

Локација за влез https://maps.app.goo.gl/hpqPSkuhPPe91EKi6?g_st=ic

Со почит,
Струмица Ретро Клуб

08/05/2026

‼️Известување за посетителите на настанот. Изложбата официјално започнува од 11 часот на градскиот плоштад. Ве замолуваме од 10-11 часот кога ќе биде пристигнувањето на возилата да се воздржите од пристигнување на плоштадот порано поради големата бројка на автомобили која треба да пристигне и да се подреди.

ℹ️ Изложбата трае до 14 часот попладне, после завршувањето на изложбениот дел учесниците го напуштаат плоштадот и ќе се направи дефиле низ градските булевари. Сите учесници ќе се движат полека при напуштање и ќе внимаваат но истото важи и за посетителите кои треба да внимаат на својата безбедност.

ℹ️ Се замолуваат сите посетители својот отпадок да го фрлат во поставените корпи за отпадоци од општината лоцирани на повеќе места на плоштадот.

ℹ️ Се замолуваат сите посетители да не ги чепкаат возилата без дозвола на сопствениците, да не се допираат или да се потпирате на истите. Секое возило е туѓа сопственост и треба да ја почитуваме како таква.

08/05/2026

‼️Известување за сите учесници-изложувачи на ретро возила на настанот Изложба на Ретро возила Струмица 2026.

ℹ️Агенда на настан Изложба на Ретро Возила Струмица 2026:

- Прием на возила кои се пријавени за изложба 10:00-11:00 часот
- Почеток на изложбата за сите посетители 11:00-14:00 часот
- Напуштање на плоштадот и дефиле низ градот под полициска придружба 14:00-15:00 часот
- Групно возење кон дефинирана локација за ручек 15:00 часот
- Пристигнување на локација за ручек и паркирање на возилата 15:40-16:00 часот
- Завршување на ручекот и официјално затварање на настанот

🚨Замолуваме учесници кои не се пријавени на настанот да не ги носат своите автомобили/мотоцикли за да може влезот и поредувањето на пријавените возила да се одвива без застој.

Со 40 години традиција, Автодијагностика е сервис за одржување на вашите возила. Од 2008 година и овластен сервисер за V...
08/05/2026

Со 40 години традиција, Автодијагностика е сервис за одржување на вашите возила. Од 2008 година и овластен сервисер за VW групацијата. Од 2020 година и сертифицирани за севисирање на електрични возила.

Avtodijagnostika ви благодариме на довербата и поддшката.

Сакаме да изразиме благодарност како клуб до уште еден поддржувач на нашиот настан за изложба на голем број ретро возила...
08/05/2026

Сакаме да изразиме благодарност како клуб до уште еден поддржувач на нашиот настан за изложба на голем број ретро возила од странство и Македонија.

Бутици Тозо, познати во нашиот град за производство на текстил и конфекција. Посетете ги продажните места на Тозо за да ги пронајдете најдобрите пачиња гардероба за вас.

https://www.facebook.com/share/1NYRU3ZUsH/?mibextid=wwXIfr

Голема благодарност и оваа година до Еуроскала, заемна довеба која веруваме ќе продолжи и во годините што доаѓаат. А ако...
07/05/2026

Голема благодарност и оваа година до Еуроскала, заемна довеба која веруваме ќе продолжи и во годините што доаѓаат.

А ако вам ви треба рентакар и компанија од доверба, повелете во Еуроскала и најдете го возилото за вашите потреби. https://rentacarskala.mk/

https://www.facebook.com/share/1CcmSpjcov/?mibextid=wwXIfr

Најмногу не радува што по првата изложба и голем успех и оваа година со нас продолжуваат компаниите кои не поддржаа. Бла...
04/05/2026

Најмногу не радува што по првата изложба и голем успех и оваа година со нас продолжуваат компаниите кои не поддржаа. Благодарност до OEM Car Stickers што повторно е наш партнер.

За сите оние кои ги реставрирале, реставрираат или пак сте на мисла да ги вратите своите возила во првобитниот сјај OEM Car Stickers се тука за фините детали кои ќе прават вашето возило да се разликува од другите.

Партнерство што продолжува и може да се мери како вкусот на продуктите. Благодариме MAMA's - Macedonian Traditional Reci...
04/05/2026

Партнерство што продолжува и може да се мери како вкусот на продуктите. Благодариме MAMA's - Macedonian Traditional Recipes на поддршката и оваа година.

Понеделник, почеток на неделата и финални подготовки пред собирот на ретро возила. Ви претставуваме уште една компанија ...
04/05/2026

Понеделник, почеток на неделата и финални подготовки пред собирот на ретро возила. Ви претставуваме уште една компанија која ни укажа доверба во организацијата и се труди да ги задоволиме сите стандарди на еден прекрасен настан.

Интерглобус Шпед е компанија со долгогодишно искуство и нуди услуги за шпедиција и меѓународен транспорт. Можете да ги контактирате на телефонски број 034344194.

Благодариме Интерглобус Шпед.

Со чест и задоволство ви најавуваме уште една компанија поддржувач на изложбата на ретро возила 2026 во Струмица. Млекар...
24/04/2026

Со чест и задоволство ви најавуваме уште една компанија поддржувач на изложбата на ретро возила 2026 во Струмица. Млекара Ѓоргиеви ни даде доверба и поддршка за нашиот настан да биде уште поуспешен.

Пробајте ја широката палета на млечни продукти од млекара Ѓоргиеви, ќе ве освои вкус на кој ќе сакате да се враќате повторно. Заследете ги на инстаграм:

Address

Strumica

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Strumica Retro Klub posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Strumica Retro Klub:

Share