Adient Automotive Strumica

Adient Automotive Strumica Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Adient Automotive Strumica, Automotive manufacturer, TIRZ R605, Svidovica, Strumica.

Adient останува лидер за автомобилските седишта, обезбедувајќи иновативни решенија за седишта за да ги задоволи потребите на производителите на автомобили во сите региони. Адиент е глобален лидер во производство на автомобилски седишта. Со приближно 70.000 вработени во 29 земји, Адиент работи со 200 производствени/монтажни погони ширум светот. Ние произведуваме и испорачуваме автомобилски седишта

за сите главни OEM. Од целосни системи за седење до поединечни компоненти, нашата експертиза го опфаќа секој чекор од процесот на правење автомобилски седишта. Нашите интегрирани, домашни вештини ни овозможуваат да ги префрлиме нашите производи од истражување и дизајн до инженерство и производство - и во повеќе од 20 милиони возила секоја година. www.adient.com

Адиент Аутомотиве Струмица е дел од големото Адиент семејство за производство на автомобилски седишта. Со нашите 1500 вработени произведуваме и испорачуваме автомобилски седишта за сите класи на возила и сите големи ОЕМ производители. Од комплетни системи за седење, до поединечни компоненти, нашата експертиза се протега во рамките на секој чекор од процесот на производство на автомобилски седишта. Нашите интегрирани вештини што ги поседуваме ни овозможуваат да го опфатиме целиот процес, почнувајќи од истражување и дизајн, па се’ до инженеринг и производство. Посветени сме на она што го правиме најдобро: испорачување водечки компоненти и системи кои и носат на нашата компанија и на клиентите секогаш успех. https://www.adient.com/north-macedonia/strumica/

НАШАТА ВИЗИЈА: Подобрување на искуството на светот во движење.
НАШАТА МИСИЈА: Ние ќе бидеме добавувач на автомобилски седишта од светска класа преку водството во цени, квалитетот, изведбата и задоволството на клиентите. Ние ќе влијаеме нашите способности да се стремат кон раст, во и вон автомобилската индустрија.

По повод Курбан Бајрам, упатуваме искрени честитки до нашите колеги, соработници и сите верници од исламска вероисповед....
27/05/2026

По повод Курбан Бајрам, упатуваме искрени честитки до нашите колеги, соработници и сите верници од исламска вероисповед.
Овој празник нè потсетува на вредностите на дарувањето, солидарноста и грижата за другите – особено за оние на кои им е најпотребно.

Нека донесе мир, здравје и благосостојба во вашите домови.
Честит Курбан Бајрам!

Денес ги славиме Светите Кирил и Методиј – симбол на просвета и знаење 📚Нивното дело ја отвори вратата кон писменоста и ...
24/05/2026

Денес ги славиме Светите Кирил и Методиј – симбол на просвета и знаење 📚
Нивното дело ја отвори вратата кон писменоста и културата на словенските народи, оставајќи наследство што живее и денес.

Да го чуваме и негуваме нивниот дух преку знаење, јазик и образование. Честит празник!

Голема благодарност до колешките Весна и Биљана за долгогодишната посветеност, лојалност кон компанијата и искреното при...
22/05/2026

Голема благодарност до колешките Весна и Биљана за долгогодишната посветеност, лојалност кон компанијата и искреното пријателство. 🍀

Ви посакуваме среќни пензионерски денови и ви благодариме што бевте дел од тимот на Адиент.

🏆👏 Ги имаме победниците на СПОРТСКИТЕ ИГРИ 2026!Како дел од нашата заложба за благосостојба на вработените, преку игра и...
20/05/2026

🏆👏 Ги имаме победниците на СПОРТСКИТЕ ИГРИ 2026!

Како дел од нашата заложба за благосостојба на вработените, преку игра и дружење го зајакнуваме тимскиот дух, здравите навики и позитивната енергија, натпреварувајќи се во фудбал, кошарка, шах и „не лути се човече“.🏀🎲⚽♟️

Честитки до колегите кои победија и кои освоија награди, но и до сите учесници и навивачи, за спортскиот и победничкиот дух на Адиент! 🎉🎊

💯💪 Веруваме дека ваквите активности создаваат посилен тим и подобра работна средина.

Денес го одбележуваме Денот на Црвениот крст ❤️Упатуваме искрена благодарност за соработката со Црвен крст на Република ...
08/05/2026

Денес го одбележуваме Денот на Црвениот крст ❤️

Упатуваме искрена благодарност за соработката со Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица, како и за посветеноста на сите волонтери кои секојдневно даруваат време, енергија и хуманост.

Вие ја правите разликата во светот.
#ДаБидемеХумани

07/05/2026

По повод Светскиот ден на здравје и безбедност при работа, во нашата фабрика организиравме вежба за итни ситуации – пожар. 🚒🧯👩🏼‍🚒
Вработените имаа можност да се запознаат и практично да ги применат правилата за безбедна евакуација, како и соодветна и навремена реакција во случај на пожар.

Денес го одбележуваме денот кога во 1945 година Народната влада на Народна Република Македонија ја усвои македонската аз...
05/05/2026

Денес го одбележуваме денот кога во 1945 година Народната влада на Народна Република Македонија ја усвои македонската азбука како официјално писмо.
Да го негуваме, чуваме и унапредуваме македонскиот јазик – темелната нишка на нашата самобитност и непокорност. Честит празник!

Денес се сеќаваме на херојот и учителот кој својот живот го посвети на слободата и иднината.Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруа...
04/05/2026

Денес се сеќаваме на херојот и учителот кој својот живот го посвети на слободата и иднината.
Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872г. -Баница, 4 мај 1903г.), останува вечен симбол за храброст, идеал и љубов кон татковината.

Вечна му слава!

✊Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот!🔟 години Адиент - Деценија извонредност - Создадена од луѓе што веруваат. Благ...
01/05/2026

✊Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот!

🔟 години Адиент - Деценија извонредност - Создадена од луѓе што веруваат.

Благодарни за сите вработените кои со својот труд и посветеност ја создаваат нашата приказна веќе една деценија.

🎉Со голема гордост одбележуваме 10 години Адиент Струмица – не само како јубилеј, туку како приказна создадена од луѓе, ...
28/04/2026

🎉Со голема гордост одбележуваме 10 години Адиент Струмица – не само како јубилеј, туку како приказна создадена од луѓе, посветеност и заедничка верба. Од започнувањето на производството во 2016 година, заедно изградивме стабилност, квалитет и доверба, оставајќи значаен белег и во глобалната автомобилска индустрија и во локалната заедница.

Секој резултат постигнат во изминатата деценија им припаѓа на нашите вработени.

▶️Со горд осврт кон изминатиот пат и јасна визија напред, продолжуваме кон нова деценија извонредност - создадена од луѓе што веруваат.

Address

TIRZ R605, Svidovica
Strumica
2400

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Adient Automotive Strumica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Adient Automotive Strumica:

Share