13/10/2018
Почитувани пријатели, коминтенти и корисници на услугите на БМ Оил.
Најпрвин Ви благодариме за вашата доверба што сте наши редовни коминтенти и што ја имате довербата во квалитетот на нашите деривати. Ценеќи ја таа доверба, се трудиме и ќе се трудиме, нашите услуги да бидат на нај високо ниво, онакво какво што и заслужувате Вие.
Со своето 14 годишно постоење БМ Оил го докажа својот допринос кон општеството, посебно кон Прилеп. Со плаќањето на данокот на Додадена Вредност ( ДДВ) и данокот на добивка, кој се мери во стотици илјади евра, активно придонесуваме во изградбата на Прилеп. Изградбата и реконструкција на градинки, училишта, патна инфраструктура и други општествени вредности. Спонзори сме на значајни спортски и културни натпревари и настани во Прилеп.
Сето ова е врз база на ВАШАТА ДОВЕРБА.
Би сакале да ви напоменеми дека со секој литар гориво купен во БМ Оил Вие дирекно допренесувате во изградбата на Прилеп, затоа што дел од парите се насочуваат во плаќањето на локалните даноци, што не е пример со поголемите нафтени компании, од кои ниту еден денар не останува во Прилеп. Од нив 100% од сите даноци се плаќаат за РМ и за Скопје односно Општините каде се регистрирани овие компании. Ова на годишно ниво се огромени пари за кои дирекно се осиромашува НАШАТА И ВАША ОПШТИНА ПРИЛЕП. Кога станува збор за квалитетот, можеме да се пофалиме со серозно квалитетни горива од програмата на SHELL i ENI - Itali .
Истовремено Ве поканувамњ да станете член на БМ Оил клуб картичката каде ќе добивате дирекни попусти на сите врсти горива од минимум -1,5 денар по литар.
Затоа Ве покануваме заедно да ја градиме оваа наша Општина, овој наш Град - Прилеп за поубава и побогата иднина за ситенас.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ