AutoWelt™️ се занимава со увоз и продажба на комерцијални, патнички и товарни користени возила. Постоењето на AutoWelt започнува со склучување ексклузивен договор за соработка помеѓу Volkswagen Financial Service - Германија и Офис Експрес ДООЕЛ. Заедничката визија, искуство и љубов спрема автомобилизмот како и желбата на еден начин да се обнови автомобилскиот пазар во Република Македонија, се едни
од главните столбови на долгогодишната успешна соработка. По деталните истражувања кои тимот на AutoWelt ги направи, како на територијата на нашата земја но така и пошироко во регионот, заклучивме дека е потребно пред се да понудиме поголем избор на проверени возила со врвен квалитет, гаранција, сигурност и транспарентност кон клиентите. Сето тоа искомбинирано со поволните цени соодветни за нашиот пазар, како и комплетната посветеност и грижа кон клиентите го издигнаа AutoWelt на врвот на автомобилскиот пазар.
На почетокот AutoWelt започна со увоз и продажба на едни од најпродаваните брендови на автомобили низ целиот свет, AUDI и VOLKSWAGEN. Овозможивме разновиден избор на возила од мали градски автомобили до луксузни лимузини. Отворени за соработка како и желбата да ги задоволиме потребите и барањата на нашите клиенти и нивната заинтересираност за други брендови возила, одлучивме да го прошириме нашиот избор и во 2017 година склучивме нов договор за соработка со добро познатата лизинг компанија. Со ова на нашите клиенти им овозможивме огромен избор од најпознатите и најуспешните брендови на автомобили како што се PORSCHE, MERCEDES-BENZ, BMW, LAND ROVER, OPEL, CITROEN, RENAULT, ALFA-ROMEO, VOLVO, NISAN, SEAT, SKODA, PEUGEOT...
Клучот на успехот на AutoWelt се должи секако и на посветеноста и пожртвуваноста од страна на нашиот стручно образовен кадар, кои се максимално посветени да допринесат за успешноста и профитабилноста на AutoWelt. Уште од самите почетоци AutoWelt стекнува потполна довербата од своите клиенти. Со комплетната посветеност, поддршка и лојалност кон купувачите, го направивме купувањето автомобил вистинско позитивно искуство како и што треба да биде. Без малтретирање, двоумење, скептичност и страв од можност да бидат измамени, со комплетна поддршка и помош да го изберат возилото кое најмногу им одговара...
Задоволни и среќни клиенти е првата цел за која се залагаме и секојдневно се трудиме и надоградуваме.