Strong Riders Kochani

Strong Riders Kochani Moto Club

Strong Riders Kochani
24/04/2026

Strong Riders Kochani

По повод Старата Нова Година,Мото клубот Strong Riders – Кочани им посакува на сите свои поддржувачи , сограѓани  , приј...
10/01/2026

По повод Старата Нова Година,
Мото клубот Strong Riders – Кочани им посакува на сите свои поддржувачи , сограѓани , пријатели, бајкери и љубители на добриот пат:
Многу здравје, среќа и мир,
полни резервоари, сигурни километри
и срца што чукаат во ист ритам – ритамот на слободата.

На нашите браќа и сестри бајкери од цела Македонија прво да им посакаме здравје, сила и чист асфалт, малку кривини, многу авантури и срце што не знае за кочница.
Нека моторите ржат,
дружбата да биде силна,
а секое возење — со среќно враќање дома.

Среќна Стара Нова Година!
Гас до крај, но памет на прво место 🏍️
Од 🩵 Вашите членови на Мото клубот Strong Riders Кочани

Од целото семејство на Strong Riders ви посакуваме среќен Божик и среќна Нова година! 🎄✨Нека празниците ви донесат многу...
31/12/2025

Од целото семејство на Strong Riders ви посакуваме среќен Божик и среќна Нова година! 🎄✨
Нека празниците ви донесат многу здравје, радост, мир во домот и безброј убави моменти. Нека новата година биде исполнета со среќа, успех и многу безбедни километри на отворени патишта!
Со почит,
Strong Riders – Кочани 🏍️🔥

Членовите на Мотоклубот Strong Riders од Кочани изразуваат искрено сочувство до семејствата,другарите,пријателите...согр...
21/03/2025

Членовите на Мотоклубот Strong Riders од Кочани изразуваат искрено сочувство до семејствата,другарите,пријателите...сограѓаните на 59те млади животи кои на 16.03.2025 година,тој кобен ден во дискотеката Пулс ја отпеале последната песна со ДНК и на трагичен начин ги загубија своите животи!
И обидите на многу наши ХЕРОИ да помогнат не вродиле за овие млади луѓе со плод да се спасат!
Знаеме дека непостојат зборови за утеха...зборови кои болката и загубата можат да ја намалат или надокнадат но знаеме дека:
Еден миг, при последната труба кога затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме,
зашто распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното – да се облече во бесмртно,само ќе им посакаме -
Вечнаја памјат да им е🙏🖤🕯
А на сите повредени од истиов настан, кои во овие мигови се хоспитализирани и се наоѓаат на лекување во и надвор од Македонија им посакуваме побрзо закрепнување ,со верба и молитва кон Бога - Бог да им помогне на сите повторно здрави и живи да се вратат во нашето Кочани и заедно да почнеме ,,црната завеса,, да ја тргаме од овај град 🙏
На родителите,Бог да им дари трпение и да им кажеме во мислите и молитвите сме со нив и нивните чеда !

Искрено и од 🩵 членовите
на Мотоклубот Strong Riders Kochani од Кочани

Драги наши  сограѓанки, СВЕТОТ БЕЗ ЦВЕКИЊА,ЖИВОТНИ И ЖЕНИ би бил СВЕТ БЕЗ ЖИВОТ!!! Нека 365 дена бидат ваши денови, а 8-...
08/03/2025

Драги наши сограѓанки, СВЕТОТ БЕЗ ЦВЕКИЊА,ЖИВОТНИ И ЖЕНИ би бил СВЕТ БЕЗ ЖИВОТ!!!
Нека 365 дена бидат ваши денови, а 8-ми Март стави печат на женската убавина ... љубов... добрина... мајчинство а пред се тековната упорна борба за опстанок во глутницата!!!
Вие ги правите врвовите повисоки ,но и падовите почести!
ЧЕСТИТ 8МИ МАРТ СО НАШИОТ МАЛ ДЕНЕШЕН ЃЕСТ,НО ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ И ПОЧИТ КОН ВАС МАЈКИ,СЕСТРИ,СОПРУГИ,ДРУГАРКИ,
ПРИЈАТЕЛКИ ....СОГРАЃАНКИ !

Искрено Вашите членови на Мотоклубот Strong Riders Kochani од Кочани 🌹🌹🌹

Еден од празниците во нашето православие е и Стара нова година.Таа е  доказ за духовната традиција во Македонија и се пр...
09/01/2025

Еден од празниците во нашето православие е и Стара нова година.Таа е доказ за духовната традиција во Македонија и се прославува на 13ти јануари.

Ние членовите на мотоклубот Riders и годинава ја испочитувавме традицијата (иако некој ден порано од оправдани причини).
Минатогодишниот добитник Marjanco Mitevski како што е редот се погрижи околу организацијата на вечерта.
Заедно собрани,со добра мисла,позитивна енергија и срца полни со љубов кон ближниот свој и пријателите - го поделивме лебчето со париче.
Годинашниов среќлија е Riste Mitev

ЧЕСТИТКИ за него со искрени желби за добро здравје,среќа и уште многу извозени заеднички км.

И на вас наши сограѓани,подржувачи,спонзори уште еднаш ви ја честитаме Новата година,Божиќ,стара Нова година и ви посакуваме да имате верба во Бога,искрени насмевки,топли прегратки и мир во душата !🙏

Вашите членови на мотоклубот
STRONG RIDERS од Кочани

Strong Riders Kochani
30/12/2024

Strong Riders Kochani

29/12/2024

Секoја Нова година е започнување ново поглавје во нашите животи– нова шанса да напишеме неверојатна приказна за себе и нашите најмили!
Крајот на оваа 2024 година и почетокот на 2025 година ние членовите на мотоклубот Strong Rider од Кочани го запечативме и започнуваме со веселите детски насмевки од денешниов ден на сите дечиња од градскиот парк во Кочани, каде благодарение на нашите подржувачи и спонзори поделувме над 1500 паќетчиња.
Дечиња мили,драги сограѓани, наши симпатизери и спонзори имајте весели и благословени новогодишни и божикни празници!

Од срце вашите Дедо Мразовци на мотор
членови на
Мотоклуб Strong Riders Kochani
Благодарност за видеото на Фото Луна Кочани

Иван Ванчо Михајлов Marjanco Mitevski Goran Stojanov Jordan Atanasov Lazar Zahariev
27/12/2024

Иван Ванчо Михајлов Marjanco Mitevski Goran Stojanov Jordan Atanasov Lazar Zahariev

И оваа година сме повторно во акција како и минатата!Дедо Мраз на мотор и оваа година :)Насмевката на детските лица и оч...
15/12/2024

И оваа година сме повторно во акција како и минатата!

Дедо Мраз на мотор и оваа година :)
Насмевката на детските лица и очи е најголемиот Господов дар!
За да ја умножиме детската насмевка Ве замолуваме да донирате средства или паќетчиња по сопствен избор...видување...желба и на тој начин поделиме поголем број на новогодишни паќетчиња на нашите мали сограѓани.

Едно плус паќетче многу ќе вреди,а детската радост сама од себе ќе се реди !

Драг Дедо Мраз, давај им здравје и љубов на сите деца и малку мудрост секој ден за да знаат да бидат среќни и да го направат светот околу нив вистински рај!

Среќни празници наши сограѓани,
Ви посакуваат
Ваши кочански моторџии,членови на
Мотоклубот Strong Riders 🙏🎅🏍🎄🎁

Контакти:

Иван 076 276 999

Лазар 078 304 921

Летото календарски вејќе заврши но,убавите временски услови до сега ни беа наклонети да уживаме во нашата пасија -прошет...
20/10/2024

Летото календарски вејќе заврши но,убавите временски услови до сега ни беа наклонети да уживаме во нашата пасија -прошетките - возењето со моторите и да го чувствуваме пулсирањето на адреналинот!

Денес во Струмица вљубениците на моторите од цела Македонија и официјално ја затворија сезоната на возење мотори за оваа година.

Дел од ова збиднување бевме и ние членовите на мотоклубот ,,Strong Rieders,, Кочани.
Годинава како годинашче оставаме квалитетно извозени километри,дружби и многу спомени.
За догодина со Божји благослов и добра мисла ќе ги дуплираме и ќе ве информираме за сите наши подвизи и планови!

До тогаш испрајќаме поздрави до сите вас
Мотоклуб ,,Strong Riders,, Кочани

Address

Jane Sandanski 18
Kocani
2300

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Strong Riders Kochani posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share